Connect with us

Свет

Американските астронаути гласаат од вселената

Астронаутите на НАСА имаат можност да учествуваат на изборите во САД од вселената уште од 1997 година. Според американската Национална воздухопловно-вселенска агенција, астронаутите ги пополнуваат своите гласачки ливчиња во вселената, по што тие се пренесуваат во шифриран формат.

„Дури и на стотици километри над Земјата, американските граѓани го даваат својот глас на изборите за Конгресот. Да, може да се гласа дури и од вселената! Сите тројца американски членови на екипажот ја имаа привилегијата да гласаат од вселенската станица“, објави во вторникот астронаутот Анил Менон, од Меѓународната вселенска станица (МВС), на платформата „Икс“.

Астронаутите имаа можност да пополнат електронско гласачко ливче и безбедно да го испратат до изборните службеници.

Ad
Ad