Хроника
Малолетник физички нападнал соученик во средно училиште во Ѓорче Петров
Полициски службеници од СВР Скопје вчера (02.11.2026) во 13:30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, извршиле службен разговор во присуство на родител со 17-годишен малолетник од Скопје.
Како што информираат од МВР, постапувањето е преземено по претходна пријава, според која малолетникот во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнал 18-годишниот О.А. од Скопје, а потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.
ноември 4, 2026


