Connect with us

Хроника

Пожар во простории на компанијата „Беладона”, огнот изгаснат за еден час

Пожар од поголеми димензии се случи утрово во објект на  компанија „Белдона“ која работи со превоз на патници, информира командирот на ТППЕ од Кочани, Драган Апостолов.

Според податоците со кои тој располага, огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, стар на селото Тркање, во непосредна близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на експресниот пат Кочани – Штип.

Кочанските пожарникари реагирале со сите расположиви средства. Биле повикани и членовите на ДПД Кочани, како и припадниците на ТППЕ од Виница.

Огнот бил локализиран и изгаснат за еден час. Нема повредени.

Апостолов вели дека за овој случај е известена полицијата, на терен се увиди екипи, кои треба да ги утврдат причините за избувнувањето на огнената стихија, како и да избришат проценка на материјалната штета.

Ad
Ad