Вести
(Видео) Николоски: Најголем проект за Кичево е автопатот кон Охрид
Денеска остварив работна посета на општина Кичево и извршивме увид во реконструкција на улица Рудничка – напиша на својот ФБ профил, Александар Николоски, вицепремир и министер за транспорт.
Тој додава дека ова е проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината, каде вкупно се инвестира околу 30 милиони денари.
-Преку различни програми кои што ги има Владата, вкупно инвестираме околу 360 милиони денари или околу 6 милиони евра во инфраструктурен развој на Општина Кичево. Ова е втората фаза од изградбата, првата фаза веќе се заврши, ја работевме заедно со Светската банка, така што кога ќе се заврши и втората фаза, ќе имаме еден прекрасен булевар кој што ќе се протега во овој дел на градот – објави Николоски.
Тој истакна дека се продолжува со поддршка на Општината во соработка со градоначалникот, со пратеникот и со сите останати кои што даваат поддршка на Општината, со цел реализација на нови проекти.
-Веќе зборуваме за нови проекти, а сега тука се и најголемите проекти за Кичево, тоа е автопатот Охрид-Кичево, каде што имаме одлична динамика. Тука е автопатот Кичево-Букојчани кој што почна да се гради на 11 октомври. Ќе продолжиме да го поддржуваме Кичево! – истакна Николоски.



