Connect with us

Тенис

Јаник Синер најави враќање на тениските терени

Италијанскиот тенисер Јаник Синер најави враќање на тениските терени и ќе учествува на тениското светско првенство „Six Kings Slam“. Турнирот ќе се игра на крајот од календарската година од 27 до 30. декември.

Првиот термин беше од 21 до 24. октомври, но поради војната на Блискиот исток терминот на одржување е поместен за крајот на годината.

Составот на играчи дава најава дека ова ќе биде исклучително квалитетен турнир со настап на Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор и Јаник Синер.

За секој учесник има загарантирани 1,2 милиони фунти, а победникот ќе добие дополнителни 3,5 милиони.

Синер нема настап од финалето на Вимблдон. Тој претходно во финалето на турнирот во Ријад (егзибиционен турнир) во 2024 и 2025 година го победи Карлос Алкараз.

Ad
Ad