Connect with us

Фудбал

Алегри: Секој пат кога ќе се помрднам, добивам исклучување, другите тренери прават што сакаат

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, даде свое видување за исклучувањето вечерва на средбата со Рома од 8.коло на Серија А која заврши нерешено 3:3.

Алегри не беше задоволен од одлуката на судиите да го дозволат голот на Рома во 89. минута од натпреварот. Според него, Леонардо Балерди го фаулираше Сем Бекема пред голот. Судијата Андреа Коломбо му покажа црвен картон на тренерот на Наполи, по што, тој се скара со четвртиот судија и се повлече во тунелот, кинејќи ја јакната.

-Четвртиот судија го повика главниот судијата и тој ме исклучи. Не реков ништо, но сега не можам ништо да направам и тоа е тажно. Следниот пат, ќе седам неподвижен на клупата. Секој пат кога ќе се помрднам, добивам црвен картон. Минатата година дури бев казнет со 80.000 евра. Останатите прават што сакаат, рече Алегри.

Наполи е десетти на табелата со 11 бода.

Во следното коло, тимот од Неапол ќе игра на гости против Монца на 28 октомври.

Ad
Ad