Хроника
Две лица од Куманово нападнале и ограбиле 64-годишен маж, се обиделе да го принудат да подигне брз кредит
Две лица од Куманово измамиле, физички нападнале и ограбиле 64-годишен маж, а потоа се обиделе да го принудат да подигне брз кредит од финансиско друштво. Вработена во друштвото повикала полиција откако мажот ѝ сигнализирал дека е принуден да го направи тоа. Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 45-годишната С.Б. и Р.Т. (52), двајцата од Куманово.
Според пријавеното, С.Б. го измамила 64-годишниот маж и го повикала во својот дом, наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон. Кога пристигнал во дворот, Р.Т. физички го нападнал, а С.Б. му одзела пари и мобилен телефон. Потоа, според пријавата, двајцата го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит. Мажот успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го направи тоа, по што таа повикала полиција. Двете лица биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава
октомври 24, 2026


