Кошарка
Се проширува скандалот во грчката кошарка
Продолжува скандалот во грчката кошарка, а по истрагата и сомнителните резултати полицијата заплени 931.463 евра и уапсени се шест лица. За време на претресот одземени се телефони, компјутери, УСБ уреди и дресови од кошаркарски клубови.
Грчката полиција соопшти дека апсењата се спроведени за натпревари во Грција и во странство.
Уапсени се пет лица, а шестото доброволно се предаде.
Истрагата опфаќа подмитување, односно барање, прифаќање и нудење или ветување на подароци и за други судии, спортски функционери. Надлежните ги испитуваат можностите за незаконските методи да се има влијание на конечниот исход на натпреварите.
Парите се пронајдени на две локации 820.000 евра во една куќа, а 102.000 евра во друга куќа.
Евролигата ја суспендираше судијката Василики Царука, која по враќањето од натпреварот од Еврокупот меѓу Турк Телеком и Шаулаја беше приведена.
Во истрагата се споменуваат имињата на поранешните евролигашки судии. Илијас Коромилас, Петрос Папапетру и Анастасиос Пилоидис.
октомври 23, 2026


