Фудбал
Артета: Нашите играчи заслужуваат признание
Дербито на третото коло од Лигата на шампионите одиграно синоќа меѓу Баерн и Арсенал заврши без победник 2:2, иако двата тима имаа по едно водство. Гостите од Лондон водеа со 1:0, а домаќинот Баерн со 2:1. Нерешениот резултат е некако најреалниот исход.
– Би избрал нерешен резултат. Бевме дојдени да победиме и бевме подобар тим во првите 20-25 минути. Имавме и водство, но и повреда на Букајо Саха. Но, кога ќе играш со тим каде разликите се мали тоа е реално. Ова се два тима кои сакаат да се притискаат еден со друг, кои сакаат да напаѓаат, кои постојано се многу, многу активни за да му прават проблеми на противникот. Мислам дека нашите играчи заслужуваат признание, изјави менаџерот на Арсенал Микел Артета.
Арсенал во следните две кола во Премиер лигата игра со екипите од Ливерпул, во сабота на домашен терен против Евертон, а следниот викенд гостува кај Ливерпул.
октомври 23, 2026


