Connect with us

Кошарка

Ашаданов поднесе оставка од селекторската функција

Македонската женска кошаркарска репрезентација остана без селекторот Александар Ашаданов кој по пет поминати години во националниот тим одлучи да се повлече од функцијата.

– По пет години посветеност, работа и неизмерна љубов кон женската кошарка, дојде моментот да го завршам мојот селекторски пат со женската сениорска репрезентација на Македонија. Овие пет години беа исполнети со предизвици, одговорност, тешки одлуки, многу работа, и моменти што ќе останат дел од мојата кариера. Во секој момент се трудев да го дадам максимумот од себе, да ја претставувам Македонија со достоинство и да придонесам за развојот на женската кошарка. Посебна благодарност до сите кошаркарки кои беа дел од овој пат, до мојот стручен штаб и до сите кои искрено веруваа во идејата и работеа за заедничката цел. Секогаш верував дека функциите се минливи, но делата, односот и трагата што ја оставаме зад себе, остануваат. Од оваа позиција заминувам со гордост за се што вложив, со почит кон националниот дрес и со верба дека женската кошарка во Македонија има потенцијал за поголеми достигнувања. Пет години не се само период, тоа е дел од животот, од кариерата и од мене како човек и тренер. Благодарам за довербата, заедничкиот пат и сите моменти што ги споделивме, објави Ашаданов.

Кошаркарската федерација во скоро време треба да назначи нов предводник на македонските кошаркарки

Ad
Ad