Connect with us

Регион

Во БиХ неплатени повеќе од 219 илјади казни во вредност од 15,7 милиони евра

Според податоците на Агенцијата за идентификациски документи, евиденција и размена на податоци на БиХ (ИДДЕЕА), во Босна и Херцеговина останале неплатени повеќе од 219 илјади казни, со вкупна вредност од околу 15,7 милиони евра.

„Најмногу неплатени казни се увидени во сообраќајните прекршоци, меѓу кои се надмината дозволена брзина и непрописно запирање и паркирање“, стои во извештајот на Агенцијата.

Најголем број се регистрирани во сараевскиот регион, со околу 90 илјади неплатени казни. По него следува Тузла со приближно 25 илјади, додека во Мостар се евидентирани околу 18 илјади, а во Бања Лука околу 17 илјади неплатени казни. На петтата позиција е Зеница, со приближно 12 илјади неплатени казни.

Како што посочува ИДДЕЕА, објавените бројки ја наметнуваат потребата од поголема контрола и унапредување на системот за наплата. Сепак,   достапните податоци не откриваат зошто изречените парични казни сè уште не се исплатени.

Ad
Ad