Хроника
Приведено 25-годишно момче од Струмичко, во неговиот дом пронајдена тегла марихуана и ќесе со гранки од канабис
Дрога била пронајдена при претрес во струмичко село, едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 17:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР – Струмица го лишија од слобода Б.А., на возраст од 25 години. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени тегла исполнета со марихуана и ќесе со гранки од растението канабис. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.
октомври 21, 2026


