Connect with us

Хроника

Акциска контрола во Куманово, пронајдено оружје за светлосно – звучна сигнализација, лишено од слобода едно лице

При акциска контрола во Куманово, пронајдено било оружје за светлосно – звучна сигнализација, лишено од слобода било едно лице, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 14:20 часот, полициски службеници од СВР – Куманово го лишија од слобода Љ.М., 63-годишник од овој град. При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализацијаза за кои не поседувал дозвола – информираа од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Ad
Ad