Кошарка
Симонс за руптурата на Ахиловата тетива: И претходно сум бил нокаутиран и секогаш сум наоѓал начин да се кренам
Кошаркарот на Сакраменто кингс, Бен Симонс, вчера заработи повредата на Ахиловата тетива, која ќе го спречи да игра во НБА сезоната 2026/27.
– И претходно сум се соочил со предизвици кои ме тестираа ментално, физички и емоционално и секогаш сум наоѓал начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје во моето патување, а не крај на мојата приказна. Да се биде подалеку од играта што ја сакам е секогаш тешко. Особено по сè низ што морав да поминам за да се вратам. Но, научив едно: неволјите не ве дефинираат, туку начинот на кој реагирате на нив. И претходно сум бил нокаутиран и секогаш сум наоѓал начин да се кренам. Ова нема да биде поинаку, изјави Симонс.
Триесетгодишниот Австралиец ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг. Ќе биде подложен на операција.
Симонс претходно ја пропушти целата сезона 2025/26 поради здравствени проблеми.
Сакраменто новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот ќе ја почна на 22 октомври со гостувањето кај Лос Анџелес клиперс.
октомври 19, 2026


