Connect with us

Фудбал

Кунде, Гарсија и Кристенсен ќе го пропуштат натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите

Барселона го објави својот состав за натпреварот од третото коло од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Четири фудбалери се изоставени од составот. Ерик Гарсија заработи повреда на десниот бутен мускул на натпреварот од деветтото коло од Ла Лига против Бетис. Жил Кунде, на истиот натпревар заработи повреда на левата нога.

Андреас Кристенсен продолжува да закрепнува од повредата на бутниот мускул здобиена во септември. Руни Барги се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти.

ПСЖ ќе биде домаќин на Барселона утревечер (20 октомври) во Лигата на шампионите. Почетокот е во 21 часот.K

Ad
Ad