Connect with us

Свет

Во насилните протести во Милано повредени 14 полицајци, уапсени се 32 лица

Во насилните протести во Милано, повредени се 14 полицајци, уапсени се 32 лица, а приведени се вкупно 271 лице, вклучувајќи 220 малолетници и околу 50 странци, објави денеска Анса, повикувајќи се на полициски извори.

Според изворите на агенцијата, 174 лица се задржани во превентивен притвор.

Околу 2.000 млади луѓе во црна облека, вчера попладне упаднаа во неколку улици во центарот на Милано и на централниот плоштад Дуомо, кршејќи неколку излози, кинејќи знаци и уништувајќи го мебелот во терасите, објави „Република“.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги смири немирите откако демонстрантите кршеа излози и запалија канти за ѓубре во близина на Пјаца Дуомо.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека се проценуваат „други алатки за оние кои ги злоупотребуваат демонстрациите за да сеат хаос“. 

Мелони рече дека за денеска свикала состанок за јавниот ред за да ја анализира ситуацијата и да процени понатамошни мерки за борбата против, како што ги  нарече, „оние кои ги злоупотребуваат легитимните демонстрации за ширење насилство и хаос“.

Ad
Ad