Connect with us

Филм

Од 15 декември 2027 година во кината почнува прикажувањето на филмот „Господар на прстените: Потрага по Голум“

„Во Нов Зеланд заврши снимањето на филмот „Господар на прстените: Потрага по Голум“, чија премиера во кината е најавена за 15 декември следната година“, информираше компанијата „Ворнер брос“

Приказната е сместена во периодот меѓу настаните во филмовите „Хобит“ и „Дружината на прстенот“. Дејството се фокусира на Голум и потрагата по него водена од Арагорн, пред Голум да му ја открие на Саурон локацијата на „Единствениот прстен“.

Режисер на филмот е Енди Серкис, повторно во улога на Голум, додека пак, продуцент е Питер Џексон, режисер на оригиналната трилогија.

Во актерската екипа се и Елајџа Вуд, Ијан Мекелен, Ања Тејлор Џој, Кејт Винслет, Џејми Дорнан, како и Лео Вудал.

Ad
Ad