Connect with us

Забава

Маск објави дека секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека секое дете во САД ќе добие две акции од неговата компанија SpaceX – една од компанијата, а другата од него лично.

„Секое дете во САД ќе добие две акции од SpaceX: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск на социјалната мрежа X.

Во октомври, Маск вети дека во 2027 година ќе му даде една акција од SpaceX на секое дете во САД.

Според Си-Ен-Би-Си, Маск поседува околу 4,8 милијарди акции од компанијата, додека на 1 јули 2025 година во САД живееле околу 72 милиони деца под 18 години.

Ad
Ad