Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027, рекордни средства за повисоки пензии, подобро здравство, поквалитетно образование

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики насочени кон граѓаните со инвестиции кои треба да обезбедат подобар животен стандард и посигурна иднина и тоа најдобро може да се види проекцијата на Буџетот за 2027 година. Рекордни 123,8 милијарди денари се предвидени за исплата на пензии за следната година, односно 5,6 милијарди денари повеќе во споредба со 2026 година, додека за социјални надоместоци се планирани 14,3 милијарди денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Здравството, пак, останува една од клучните области во Буџетот за 2027 година, при што за здравствена заштита се предвидени 58,7 милијарди денари, што е зголемување за 2,8 милијарди денари во однос на претходната година.

За медицинска опрема се издвоени 198 милиони денари, што претставува зголемување од речиси 54%, а од нив, 115 милиони денари се наменети за набавка на нови медицински возила, додека 65 милиони денари се предвидени за проектот за новите клинички центри во Скопје и Штип.

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во образованието претставуваат инвестиции во иднината на државата, затоа во Буџетот за 2027 година предвидува повеќе средства за подобрување на образовниот процес, ученичкиот и студентскиот стандард, како и за модернизација на образовната инфраструктура.

Средствата за основното образование се зголемуваат за 20 проценти и достигнуваат 2,4 милијарди денари, додека за средното образование се предвидени 2,5 милијарди денари, што е раст од над 12%, додека за ученичкиот стандард се планирани 696 милиони денари, а за студентскиот стандард 1,9 милијарди денари.

Паралелно продолжуваат и инвестициите во високообразовната инфраструктура, меѓу кои довршувањето на објектите на ФИНКИ и изградбата на нов објект за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Особено значајно е зголемувањето на средствата за изградба, опремување и одржување на градинките, за што во 2027 година се предвидени 83,2 милиони денари, што е зголемување од 380% во однос на 2026 година.

Овие бројки покажуваат дека и со Буџетот за 2027 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките насочени кон потребите на граѓаните и создавање услови за подобар животен стандард, за пензионерите да имаат сигурност и достоинствен живот, семејствата да добиваат поголема поддршка, пациентите поквалитетна здравствена заштита, учениците и студентите подобри услови за образование, а младите повеќе можности својата иднина.

Ad
Ad