Connect with us

Тенис

Алкараз го совлада Медведев на завршниот Мастерс

Треторангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, триумфираше попладнево над Русинот Данило Медведев (АТП-5) со 6:2, 6:4, во дуел од второто коло од групата „Иван Лендл“ на завршниот Мастерс во Торино.

Алкараз до победата дојде по еден час и девет минути.

Шпанецот трипати го одзеде сервисот на рускиот тенисер, а Медведев не освои ниту еден брејк.

Алкараз е прв на табелата од групата „Иван Лендл“ со две победи, а Медведев е втор со по една победа и пораз.ег

Во последното коло, шпанскиот тенисер ќе игра против Италијанецот Флавио Коболи, шесторангираниот тенисер во светот, а Медведев го очекува дуел со Американецот Франсис Тиафо (АТП-8).

Ad
Ad