Connect with us

Политика

Пренџов: Јавниот долг, каматите и наследените обврски се товар од минатото, а државата паралелно инвестира во капитални проекти и развој на инфраструктурата

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Љупчо Пренџов во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 говореше за јавниот долг на државата и економските последици од задолжувањето во изминатите години, правејќи осврт на финансиската состојба во која државата ја презела и ја оставила претходната власт и направи споредба на задолжувањето во периодот од 2017 до 2024 година, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално.

-Има два датума коишто се многу важни за економијата во оваа држава. На 1 јуни 2017 година кога СДС дојде на власт, во оваа држава имаше 4,7 милијарди евра долг и вкупна задолженост од 46% од БДП 4,7 милијарди. Во 2024 година оставивте држава со долг од 8,8 милијарди, односно 60% од БДП. Сите влади од 1992, во 25 години со тие приватизации, со автопатишта со три понуди, со „Скопје 2014“, се заедно овие граѓани ги чинат  4,7 милијарди. Од кога Заев дојде на власт, додека си отиде СДС од власт, имаме нови уште толку. Држава зедовте со 46% задолженост, оставивте со 60,5, рече Пренџов.

Тој  се осврна и на актуелната состојба со јавниот долг, трошоците за камати и обврските за отплата на долговите во наредните две години, посочувајќи дека и покрај наследените финансиски обврски државата паралелно реализира крупни инфраструктурни проекти.

-Денес имаме држава којашто има 56,6% задолженост, односно скоро 5% помалку за две години од тие што ни ги оставивте. Ако вие во 2017, кога сте зеле држава со 46% јавен долг и остававте држава со 39, денес можеби немаше да разговараме за вашето поведение, но кога ќе оставите држава со 60, а ние ја намалуваме на 55, и вие велите малку е, а сте ја зголемиле на 60. Оставивме држава во којашто имаше за камати 132 милиони евра, а денес имаме за камати 342 милиони евра, тоа се економските политики на Социјалдемократскиот сојуз. Оваа следна година и наредната треба да вратиме 5,1 милијарди за две години долгови направени од минатото за ваучери во Охрид, не за автопатишта. Значи, покрај тоа што треба да вратиме 5 милијарди, се градат шест автопатишта паралелно и сè она што значи функции на државата се исполнети, дециден е Пренџов.

Ad
Ad