Општини
Прва лапараскопска операција на гинеколошкото одделение во прилепската болница, голем чекор за јавното здравство
На гинеколошко-акушерското одделение во прилепската градска болница за првпат денеска се изврши лапараскопска операција што е пионерски чекор во оперативните зафати кои досега се извршуваа замо на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Операцијата за изврши професорот Боривое Павловски од Клиниката заедно со персоналот и лекарите од прилепското гинеколошко-акушерско одделени. Ова е голем успех за јавното здравство беше констатирано на денешната прес конференција во прилепската болница.
-Се изврши лапараскопска екстрипација на цистана левиот јајник кај пациентка на 45-годишна возраст. Тоа е мини инвазивен метод кој има предности во споредба на класичната лапаратомија. Има повеќе предности: оперативниот зафат трае пократко време, траумите што ги предизвикува се многу помали, деновите на хоспитализација се значајно помали, постоперативното закрепнување е еден до два денапа пациентката, а опоравувањето е трипати скратено, па пациентката може да се врати на работа по една недела. Ова е златен стандард во цел развиен свет.
Освен во Универзитетската клиника во Скопје, во Кавадарци е направен лапараскопски зафат и од јавното здравство само уште во Прилеп е направено. На прилепското гинеколошко-акушерско одделение има апаратура, има инструменти и стручниот кадар и лекарите се соодветно обучени што е голема предност.
Ова е многу значајно за болницата и за прилепското гинеколошко-акушерско одделение зашто ќе може да им се даде соодветна лекарска оперативна грижа на пациентите кои не мора да патуваат во Скопје. или да плаќаат во некоја приватна клиника или установа.
-Многу сме задоволни што го направивме пионерскиот чеко, успешно на нашето одделение. Имаме голема соработка со Универзитетската клиника и договор, бевме на едукација во Клиниката. Сега пациентите од Регионот не мора да патуваат или да плаќаат во приватни установи. Сега може тие лапараскопски зафати да ги извршуваме на гинеколошко-акушњрското одделение, рече д-р Билјана Кржеска, раководител на одделението при прилепската болница.
ноември 17, 2026


