Connect with us

Формула 1

Ф1: ФИА подготвена за трките во Катар и Абу Даби

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) е „целосно подготвена“ за последните две трки од актуелната сезона во Формула 1, што ќе се одржат во Катар и Абу Даби, и покрај неизвесноста предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, најави денеска претседателот на организацијата Мохамед Бен Сулајем.

„Подготвени сме за Катар и Абу Даби“, објави Мохамед Бен Сулајем на „Инстаграм“ отфрлајќи ги со тоа шпекулациите за можно откажување на двете последни трки, закажани за викендите од 28 до 29 ноември и 5 до 6 декември.

„Целосно сме подготвени и посветени на организирање на два исклучителни тркачки викенди и спектакуларен завршеток на Светското првенство во Формула 1. Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на возачите, тимовите и навивачите на овие две иконски патеки. Тесно соработуваме со нашите партнери за да се осигураме дека сè е подготвено за нашите возачи, тимови и навивачи“, додаде Бен Сулајем, завршувајќи ја објавата со порака: „Се гледаме на стартот“.

Во календарот на Формула 1 преостануваат уште три трки – во Лас Вегас од 19 до 21 ноември и во Катар и Абу Даби. Титулата кај возачите веќе ја обезбеди Италијанецот Кими Антонели, а титулата кај конструкторите ја освои Мерцедес.

Ad
Ad