Свет
Рубио: Преговорите во Абу Даби се многу продуктивни, треба да се вклучи и Европа
Американскиот државен секретар Марко Рубио денешните трилатерални преговори помеѓу Украина, САД и Русија во Абу Даби ги оцени како „многу продуктивни“.
Тој истакна дека дискусиите треба да се прошират и да ја вклучат и Европа.
– Мислам дека трилатералниот формат треба на масата евентуално да ги вклучи и нашите европски партнери, бидејќи тие се дел од долгорочното решение на проблемот, истакна Рубио во Париз, каде учествува на средбата на министри за надворешни работи од земјите членки на Г7.
Првата рунда од трилатералните преговори во Абу Даби заврши по 4,5 часа, со пауза од 40 минути.
Преговорите помеѓу Киев и Москва со посредство на САД за завршување на војната во Украина ќе продолжат утре.
ноември 10, 2026


