Connect with us

Фудбал

Ендрик не исклучува заминување од Реал во јануари

Бразилскиот напаѓач Ендрик не ја исклучува можноста повторно да го напушти Реал Мадрид и да замине од клубот веќе во зимскиот преоден рок.

Во втората половина од минатата сезона, Ендрик му беше позајмен на Лион и за францускиот тим постигна осум голови со исто толку асистенции на 21 натпревар. Добрите настапи во Лион му донесоа повик во бразилската репрезентација за Светското првенство оваа година.

„Да се биде во Реал Мадрид е привилегија, но Килијан Мбапе, еден од најдобрите фудбалери во светот, игра на мојата позиција. Јас сум млад, имам само 20 години. Не знам што ќе се случи во јануари, но се надевам дека ќе биде добро за мојата кариера. Само сакам да играм, да им помагам на моите соиграчи, да постигнувам голови и да давам асистенции, како што правев во Лион. Епизодата во Лион беше најдоброто нешто што ми се случи“, изјави Ендрик пред денешниот пријателски натпревар во Сингапур меѓу Бразил и Јапонија.

Ендрик одигра само 141 минута за Реал оваа сезона, постигнувајќи еден гол.

Ad
Ad