Connect with us

Сервисни информации

„Водовод“ со апел: Не фрлајте марамчиња, пелени, хигиенски производи во тоалетите, канализацијата не е корпа за ѓубре

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, јамболии и друг несоодветен отпад секојдневно се отстрануваат од канализациската мрежа во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

-Екипите на претпријатието редовно интервенираат на терен поради затнувања предизвикани од отпад што не треба да завршува во канализацијата. Фрлањето вакви материјали во канализацијата предизвикува затнување на цевките и шахтите, го отежнува протокот и го нарушува нормалното функционирање на системот – соопшти скопски „Водовод“.

Од „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните да не фрлаат влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки и други отпадоци во тоалетите и канализациските шахти, туку да ги одлагаат во корпите за отпадоци.

-Не фрлајте отпад во канализациските шахти! Влажните марамчиња, пелените, хигиенските производи и останатиот отпад одлагајте ги во корпите за отпадоци. Чувањето на канализациската мрежа е заедничка одговорност – се вели во апелот на скопски „Водовод“. 

Од претпријатието посочуваат дека правилното одлагање на отпадот е важно за да се спречат затнувања и дефекти и да се обезбеди непречено функционирање на канализациската мрежа.

Ad
Ad