Connect with us

Економија

Отворени шалтерите на Алта банка во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Отворени се шалтерите на Алат банка АД Битола во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, кои работат од 6 ноември. На шалтерите во трите града клиентите што немаат платежни картички може да подигнат до 20.000 денари.

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и во согласност со утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација по што исплатата продолжила според предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во наредните денови со цел клиентите на банката да може да располагаат со своите средства.

Од оваа недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка информира дека континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите.

Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на банката.

Ad
Ad