Connect with us

Регион

Во близина на грчкиот остров Крит загинаа 12 мигранти – спасени над 100

Безживотните тела на 12 мигранти биле извлечени од морето југозападно од грчкиот остров Крит, додека во три одделни случаи во поширокиот регион биле спасени вкупно 105 лица, кои се превезувале со три чамци.

Според информациите од грчката крајбрежна служба, несреќата се случила на 15 наутички милји југоисточно од пристаништето Кали Лименес, кога товарен брод што пловел во близина забележал чамец со мигранти и спасил 18 лица.

На местото веднаш пристигнал патролен брод на крајбрежната служба, на кој биле пренесени спасените, а биле извлечени и телата на 12 загинати лица.

Дополнително, во два други одделни случаи биле спасени 40 и 47 мигранти, кои со чамци се наоѓале јужно од Крит. Тие биле забележани од воздухоплов на Фронтекс, а потоа преземени од брод на европската гранична агенција со цел да бидат пренесени до пристаништето Кали Лименес.

Ad
Ad