Свет
Анкета: Ле Пен и Меланшон се издвојуваат како водечки кандидати пред претседателските избори во Франција
Марин Ле Пен, кандидатка на популистичката партија „Национален собир“, и Жан-Лик Меланшон, лидер на крајно левичарската партија „Непокорна Франција“, ги зацврстуваат водечките позиции пред претседателските избори во Франција следната година, во услови на засилена политичка поларизација во земјата, покажува истражување на јавното мислење.
Според петте изборни сценарија обработени во анкетата спроведена минатата седмица од агенцијата „Толуна Харис Интерактив“, Ле Пен би победила во првиот круг од претседателските избори, освојувајќи меѓу 34 и 36 отсто од гласовите,
Слично истражување од минатиот месец покажа дека Ле Пен би добила меѓу 35 и 37 отсто од гласовите.
Од друга страна, Меланшон, кандидат и лидер на крајно левичарската партија „Непокорна Франција“, се очекува да се пласира во вториот круг во сите пет сценарија, со поддршка од 18 или 19 проценти од гласовите. Според анкетите, голема е веројатноста да биде поразен од кандидатката на „Национален собир“.
Со приближувањето на крајот на вториот и последен петгодишен мандат на Емануел Макрон, непопуларниот претседател зад себе остава ослабени центристички партии и слаба национална економија, што отвора простор за крајните политички формации.
Меланшон и Ле Пен учествуваа на претседателските избори во 2012, 2017 и 2022 година. Меланшон ниту еднаш не успеа да се пласира во вториот круг, додека Ле Пен во 2017 и 2022 година беше поразена од Емануел Макрон.
ноември 9, 2026


