Сервисни информации
Почна исплатата на на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври.
Kорисниците на парични права кои имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
И корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
ноември 5, 2026


