Connect with us

Култура

СФФ2026: Премиера на македонскиот кандидат за Оскар, „17“ и богата програма во МКЦ и МНТ

„Скопје филм фестивал“ на денешниот репертоар нуди богатата фестивалска програма, носејќи со себе силна авторска кинематографија, мастерклас предавања и долгоочекувана премиера, се наведува во денешното соопштение од организацијата.

– Програмата започнува во 13 часот во Кино „Фросина“ во рамките на сегментот „А1 Кинотека“, со проекцијата на култниот регионaлен класик „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на легендарниот режисер Душан Макавеев. Веднаш потоа, во 14:30 часот во Клуб – МКЦ, ќе се одржи ексклузивниот мастерклас на истакнатиот полски авторски тандем и овогодишни добитници на признанието „Златна Скополија“ – Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт. Попладневната програма продолжува во Кино „Фросина“ со остварувањето „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“ (САД/Канада) во режија на Џејн Шенбрун од 17 часот, по што во 19 часот, следува напнатиот италијанско-француски трилер „Спирала“ на Паоло Стриполи. Централниот настан на денот е закажан за 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) со дефилето на Црвениот килим, по што во 21 часот ќе се одржи свечената премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“, играниот филм „17“ во режија на Косара Митиќ – се додава во соопштението.

Ad
Ad