Connect with us

Вести

Продолжи судењето на деветтемина полицајци за пожарот во „Пулс“

Со произнесување на судијката Ленка Давиткова, за предлози на дел од одбраната во доказна постапка, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето против деветтемина обвинети полицајци за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Според обвинителниот предлог, лицата не ја извршиле службената должност, не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање позитивна согласност за издавање лиценца за вршење угостителска дејност на кабаре „Пулс“ во Кочани.

Сведоци прифатени од страна на Судот, треба да бидат повикани да сведочат на 17 ноември. На 14 ноември пак, најавено е да бидат изведени материјални докази од страна на одбраната.

Во пожарот во „Пулс“ за време на настапот на групата ДНК, што се случи во раните утрински часови на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени и пренесени во здравствени установи низ земјава и странство. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Ad
Ad