Connect with us

Вести

Полициски претреси во Куманово за изнуда, перење пари и несовесно работење во службата

Зголемено полициско присуство е забележливо од утрово во Куманово. Како што информираа од МВР за МИА, полициските службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК во врска со кривични дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата.

Од МВР најавија информации по завршување на акцијата.

Од ЈОРСМ потврдија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги координира дејствата на полициските службеници од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР.

– Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата – соопштија од ЈОРСМ.

Кумановци посочуваат дека од утрово на повеќе локации се вршат претреси и забележливо е значително полициско присуство во градот.

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со надлежен јавен обвинител

Ad
Ad