Општини
Во Кочани промовирана апликацијата “m Uslugi”
Во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани вечерва се одржа промотивен хепенинг посветен на платформата m.Uslugi, преку кој граѓаните имаа можност поблиску да се запознаат со дигиталните услуги и придобивките од нивното користење.
Посебен акцент беше ставен на дигиталните верзии на личната карта и возачката дозвола, достапни директно на вашиот мобилен телефон, овозможувајќи полесен и побрз пристап до личните документи.
На настанот присуствуваше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Присутните имаа можност да уживаат и во музичката програма со Огнен Здравковски, учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“, како и програма подготвена од учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани.
Со ваквите активности, граѓаните имаат можност одблиску да ги запознаат современите дигитални решенија и можностите што ги нуди m.Uslugi
ноември 5, 2026


