Тенис
Ѓоковиќ со пресврт ја мина првата пречка на Мастерсот во Париз
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да ја мине првата пречка на Мастерсот во Париз и со пресврт успеа да го совлада Валентин Вашеро со 2:1 во сетови (67(5); 7:5 и 6:1) за 2 часа и 30 минути игра.
Во првиот сет Вашеро ја искористи четвртата сет топка, откако водеше со 6:5 во гемови Ѓоковиќ во 12.тиот гем успеа да спаси три сет топки и да се избори за тајбрејк, кој му припадна на Вашеро. Во следниот сет Вашеро почна со брејк, но Ѓоковиќ изедначи на 2:2 во гемови, а потоа во 12.тиот гем имаше уште еден брејк за 7:5. Во решавачкиот сет имаше најмалку неизвесност. Српскиот тенисер поведе со 3:0 и сетот го заврши со 6:1.
Утре противник на Ѓоковиќ ќе му биде Ринки Хиџиката од Австралија.
ноември 4, 2026


