Фудбал
Одложено фудбалското првенство на Азија
Азиското фудбалско првенство кое требаше да се одржи во Саудиска Арабија на почетокот на 2027 година е одложено и треба да се игра во декември истата година. Шампионатот е одложен од безбедносни причини во регионот и конкретно кон оваа држава,соопшти Азиската фудбалска конфедерација. Ова не е прв одложен спортски настан претходно беа одложени – голф турнирот и тенискиот спектакл „Слем шест кралеви“.
Шампионатот наместо од 7.јануари до 5.февруари 2027 година е презакажан за 23.декември 2027 до 21.јануари 2028 година. На првенството ќе учествуваат 24 репрезентации.
Нападите на меѓународниот аеродром во Ријад минатиот месец имаа 12 жртви, а повеќе од 300 се повредени. Одговорноста ја преземаа јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран.
Организацијата на овој шампионат треба да биде проба за организација на Светското првенство 2034 година, за која Саудиска Арабија е кандидат.
Новиот термин за Азиското првенство ќе биде проследен до ФИФА на одобрување.
ноември 4, 2026


