Connect with us

Забава

Од продавница во Токио украден луксузен швајцарски часовник вреден над 260.000 евра кој подоцна бил вратен од крадецот со извинување

Според известувањата на неколку јапонски медиуми, луксузен швајцарски часовник вреден над 260.000 евра, по кражба од продавница во Токио, бил вратен заедно со писмо за извинување.

Кражбата се случила минатата недела во населбата Накано откако маж побарал да го проба часовникот „Audemars Piguet“ во вредност од 46 милиони јени, по што побегнал од продавницата.

На први ноември во продавницата пристигнал пакет со часовникот внатре и рачно напишано писмо за извинување.

Истражителите задолжени за истрагата, благодарение на серискиот број утврдиле дека станува збор за истиот часовник.

Сопствениците на продавницата се воздржале од коментари пред јавноста.

Според првичните информациите, полицијата на Токио сè уште е во потрага по осомничениот. 

Ad
Ad