Забава
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс учествуваше на завршниот рели натпревар во Латвија
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс со автомобил „Мицубиши Лансер Ево 6“ учествуваше вчера на завршниот рели натпревар за 2026 година, во Латвија.
Кулбергс изјави дека трките му се во крвта и дека не планира да се откаже од нив додека е на функција. Тој заедно со својот совозач Андис Веинбергс настапи на натпреварот „Релиспринт Латвија“ во категоријата историски возила.
– Веројатно сум првиот премиер во светот кој учествува на рели-натпревар, изјави Кулбергс.
Тој објасни дека неговото учество било овозможено по договор со безбедносните служби.
– Се договоривме дека ќе се однесувам соодветно, ќе возам безбедно и ќе постапувам одговорно, додаде премиерот.
Андрис Кулбергс е премиер на Латвија од мај годинава. Во јавноста е познат по својата голема страст кон автомобилите, со вкупно 11 возила. Последен пат настапил пред две години.
ноември 3, 2026


