Connect with us

Фудбал

Барселона не се откажува од фудбалерот на Интер

Екипата на Барселона не се откажува од носењето на играчот од одбраната на италијанската екипа Интер. Станува збор за Алесандро Бастони (27 години), италијански репрезентативец, кој треба да биде дел од „последната линија“ на каталонскиот клуб.

Барселона се подготвува за трансфер во јануари, иако имаа обид и летово да направат трансфер, но не успеаја да го реализираат.

Според информациите кои се достапни Бастиони веќе ги договорил личните услови за трансфер и трансферот бил пред реализација, кога тренерот на „каталонците“ Ханси Флик се откажал од реализација.

Но, сега ситуацијата е сменета и играчот повторно е потенцијално засилување во дефанзивната линија. Бастони важи еден од најдобрите играчи во одбраната на Интер, па се поставува и прашањето како двата клуба ќе се договорат за негов трансфер.

Ad
Ad