Connect with us

Вести

Почина Самка Ибраимовски

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник и член на Владата на Република Македонија.

Веста ја објави неговиот син на социјалните мрежи.

-Со голема тага ве известуваме дека денеска почина нашиот сакан татко, Самка Ибраимовски. Се простуваме од човек кој секогаш се трудеше да им помогне на другите, дури и кога тоа изгледаше невозможно, напиша неговиот син на Фејсбук.

Ибраимовски е роден на 27 септември во 1954 година во Тетово, а високо образование стекнал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад. Својот политички ангажман го започна во ПЦЕР, а во текот на кариерата беше избран за пратеник во Собранието. Ибраимовски беше препознатлив по својот политички ангажман и застапувањето на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.

Покрај политичката кариера, Ибраимовски извршуваше и раководни функции во различни институции и организации, меѓу кои и во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје.

Ad
Ad