Кошарка
НБА: Рекордни 43 поени сезонава на Вембањама
Кошаркарите на Сан Антонио ја совладаа синоќа Минесота со 121 – 111, предводен од Французинот Виктор Вембањама, кој постигна рекордни 43 поени во новата сезона во НБА лигата.
За Сан Антонио ова беше четврта победа по ред.
Минесота настапи без ѕвездите Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо, а центарот Руди Гобер, исто така, беше надвор од игра.
Сан Антонио имаше водство од пет поени разлика во четвртата четвртина откако имаше серија од 10-0. Дилан Харпер додаде 25 поени, седум скокови и шест асистенции, додека Де’Арон Фокс постигна 22 поени.
Ајо Досумну ги предводеше гостите со 27 поени и девет скокови, а Џејден Мекданиелс и Џонатан Куминга постигнаа по 19 поени.
ноември 2, 2026


