Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Шкендија Арачиново и Тиквеш ги поделија бодовите

Во воведниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија Арачиново и Тиквеш одиграа попладнево нерешено 1-1 (1-0).

Симоновски му донесе водство на домашниот тим во 6 минута, а бод за гостите од Кавадарци обезбеди Лиусијанињо во 76. минута.

За шестопласираната Шкендија Арачиново ова беше петти натпревар во серија без победа, додека Тиквеш, кој е на третото место на табелата, ја продолжи серијата без пораз во домашното првенство која трае од средината на август.

Во вториот натпревар од денешната програма, Брегалница попладнево ја пречекува тетовска Шкендија.

Преостанатите три натпревари меѓу Скопје – Силекс, Башкими – Арсими и дербито Вардар – Струга ќе се утре. 

Ad
Ad