Connect with us

Технологија

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар

Истражувачи на „Мајкрософт“ објавија дека алатката за вештачка интелигенција (ВИ) што дијагностицира болести чекор по чекор, како што прават лекарите, е повеќе од двојно попрецизна од општите лекари во решавањето на сложени медицински случаи, се наведува во студија објавена во списанието „Сајенс“ (Science).

Според студијата, моделот одредува кои прашања треба да му се постават на пациентот, како и кои прегледи и тестови треба да се извршат. Во тоа му помага координативен систем, што го организира начинот на кој вештачката интелигенција пристапува кон проблемот, користејќи симулиран тим од клинички експерти кои соработуваат за решавање на дијагностички случаи.

Постојните модели на ВИ за медицински апликации генерално ги анализираат сите симптоми на пациентот, лабораториски резултати и скенирања истовремено, а потоа даваат дијагноза. Кога ВИ-системот го води процесот на дијагностицирање, моделот прво одлучува кои прашања да ги постави за медицинската историја на пациентот и кои наоди од физичкиот преглед се значајни.

Врз основа на добиените информации, тој одредува кои тестови треба да се извршат, ги разгледува резултатите и, доколку е потребно, нарачува дополнителни тестови.

Ad
Ad