Connect with us

Кошарка

Федерацијата им се заблагодари на петте македонски кошаркарки кои ја завршија репрезентативната кариера

Покрај промената на селекторската позиција, македонската женска сениорска репрезентација се соочува и со значајни промени во играчкиот состав. Пет кошаркарки кои во изминатиот период беа дел од националниот тим одлучија да го завршат својот репрезентативен ангажман.

Станува збор за: Анџелика Митрашиновиќ, Александра Стојановска, Мерит Хемпе, Ивана Кметовска и Илина Селцова.

– Кошаркарската федерација на Македонија на сите пет кошаркарки им изразува искрена и голема благодарност за нивниот придонес во националниот тим. Носењето на репрезентативниот дрес претставува особена чест, но и голема одговорност, која подразбира бројни одрекувања, патувања, подготовки и натпревари во интерес на националната селекција. Нивното искуство, вложениот труд и годините поминати во репрезентацијата заслужуваат почит и признание. Без оглед на резултатите и предизвиците низ кои минувала репрезентацијата, нивниот придонес останува дел од историјата на македонската женска кошарка. Федерацијата им посакува многу здравје, лична среќа и успех во нивните понатамошни спортски и животни предизвици. Вратите на македонската кошарка секогаш треба да останат отворени за оние кои со чест и посветеност го носеле националниот дрес. 

Од денес, Виктор Петровски е нов селектор на женската македонска кошаркарска репрезентација.

Ad
Ad