Connect with us

Ракомет

Чупиќ: Сакаме победа во „Јане Сандански“ за нас и за навивачите

Македонскиот ракометен шампион Вардар во среда го игра последниот дуел од Лигата на шампионите оваа сезона. Во рамки на групата „вардарци“ се домаќини на бундеслигашот Мелсунген. По триумфот во претходното коло на гости против Нант, „црвено-црните“ сега посакуваат и домашна победа.

–   Немаме шанси за напредок односно да продолжиме во Лигата на шампионите, но тоа не менува ништо. Мислам дека сега е време да тргнеме со низа победи, што ќе ни ја зголеми уште повеќе самодовербата. Потребна ни е победа во Лигата на шампионите на домашен терен во Јане Сандански. Нашите навивачи кои не бодреа на претходните два меча на најдобар можен начин, заслужуваат оваа сезона да ја завршиме со победа, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ.

Вардар во Лигата на шампионите има една победа и четири порази и е без шанси за продолжување на натпреварите во ова натпреварување, но ќе продолжи во Лига Европа. По дуелот со Мелсунген за „вардарци“ следува и дербито од домашното првенство на домашен терен против Еурофарм Пелистер во деновите од викендот.

Ad
Ad