Хроника
Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно возење
Седум возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие, на различни локации во државата, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, четворица од нив управувале возило без положен возачки испит – В.К.(24) и К.Е.(42) двајцата од Скопје, Б.О.(62) од Куманово и А.Ј.(18) од село Боротино во општина Кривогаштани.
Под дејство на алкохол возеле Г.З.(34) од село Косевица, општина Македонска Каменица и М.В.(41) од село Пчиња, Кумановско, кој имал и активна забрана за управување на возило. Ф.В.(28) од Скопје, пак, управувал патничко возило со активна забрана за управување на возило.
-По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информира МВР во дневниот билтен.
октомври 26, 2026


