Connect with us

Регион

Уапсени над 50 лица во Грција за даночни измами преку познат синџир пекарници

Во акција на грчката полиција во познат синџир пекарници во Грција досега уапсени се 59 лица, меѓу кои и сопственикот, под сомнеж за сторени даночни измами. а според медиумите, штетата нанесена на државата се проценува и до 100 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициската акција што започна вчера е во тек и опфаќа над 200 продавници, а обвиненијата се однесуваат на измама на штета на државата, даночно затајување, неплаќање на ДДВ и неплаќање придонеси за социјално осигурување.

Истрагата опфаќа и други компании за кои постои сомнеж дека истиот сопственик ги поседувал директно или скриено, а работеле преку трети лица.

Сопственикот на пекарниците „Хориатико“, според грчките медиуми има криминално досие, а во 2008 година беше уапсен за трговија со луѓе и жени од Источна Европа, кои нелегално ги носел во Грција да работат во стриптиз клубови, а „перењето“ на овие активности се вршело преку синџирот пекари, за што неколку години подоцна беше осуден на десет години затвор.

Ова е втор случај во Грција што се однесува на даночни измами во период од само неколку дена, откако претходно беше разбиена криминална организација во рамките на познат синџир пицерии за даночно затајување и перење пари, а уапсени беа 23 лица. 

Ad
Ad