Connect with us

Свет

Шведска: И Танд Ранквист не успеа да формира влада

Лидерката на шведската Партија на центарот, Елизабет Танд Ранквист денеска изјави дека не успеала да формира влада со обединување на партиите од левицата и десницата.

– Мојот општ заклучок е дека во моментов има мнозинство во корист на центристичките политики, но нема мнозинство за центристичка влада, истакна Танд Ранквист.

Таа додаде дека претседателот на парламентот сега мора да одлучи кој ќе биде следниот чекор.

Танд Ранквист на 19 октомври доби мандат за формирање влада откако лидерката на Шведската социјалдемократска работничка партија, Магдалена Андершон во два обида не успеа да формира влада.

На парламентарните избори одржани на 13 септември, левичарско-центристичката опозиција освои минимално мнозинство пратенички места. Четирите партии од таканаречениот црвено-зелен левичарски блок, меѓу кои е и Партијата на центарот, се обединија околу кандидатурата на Андершон, за премиерската функција, но не успеаја да постигнат договор за составот на потенцијалната коалициска влада.

Парламентот на Шведска на 15 октомври ја отфрли кандидатурата на Андершон да предводи малцинска влада како премиерка. Тоа беше нејзин втор обид откако на 28 септември не успеа да состави влада. 

По неуспехот на Танд Ранквист можно е во Шведска да бидат распишани предвремени избори. Во земјата последен пат имало предвремени избори во 1958 година.

Ad
Ad