Connect with us

Свет

„ИАЕ“: Малку е веројатно идната година енергетските пазари да се вратат на предвоеното ниво

Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, денеска изјави дека не очекува енергетските пазари во 2027 година да се вратат на состојбата пред почетокот на американско-израелската војна против Иран, што започна кон крајот на февруари.

„Не гледам веродостоен начин како енергетските пазари следната година би се вратиле на нивото на кое беа пред почетокот на оваа војна“, рече Бирол на конференцијата „Меѓународна недела на енергијата“ што се одржува во Сингапур.

Според него, енергетската безбедност мора да стане приоритет број еден и за владите и за деловниот сектор, а сите субјекти треба да бидат подготвени за економските и логистичките предизвици што ги носи актуелната криза. 

Ad
Ad