Connect with us

Останати спортови

Светската шампионка во маратон Џепчирчир суспендирана поради допинг

Актуелната светска шампионка и олимписка победничка од 2021 година, Кенијката Перес Џепчирчир, е привремено суспендирана поради сомнителен случај на допинг.
Како што денеска објави Одделот за интегритет во атлетските спортови, во примерок земен надвор од натпреварување во Кенија, а пред нејзината победа на маратонот во Сиднеј е пронајдена недозволената супстанца еритропоетин (EPO).
Триесетитригодишната Џепчирчир беше крунисана за светска шампионка во Токио во 2025 година, а беше и светска рекордерка во полумаратон, како и победничка на маратоните во Лондон (2024), Бостон (2022) и Њујорк (2021).
Кенија, која светска велесила во атлетиката, особено во трчање на средни и долги патеки, се соочува со пораст на случаите на допинг веќе неколку години: од 2017 година, повеќе од 140 кениски спортисти, вклучувајќи ја и светската рекордерка во маратон, Рут Чепнгетич, се суспендирани поради употреба на забранети супстанции.
„Кенија, која штотуку го доби правото да биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 година, што ќе биде прв пат настанот да се одржи во Африка, мора да даде пример во борбата против допингот“, предупреди на почетокот на овој месец претседателот на Светската антидопинг агенција (WADA), Витолд Банка.

Ad
Ad